Општина Велес го даде под закуп Еко кампот на Езеро Младост. Друштвото за трговија и услуги АЛЛ ИН ДООЕЛ Велес е концесионерот кој по завршувањето на јавниот оглас и сите административни процедури, во наредните 10 години ќе стопанисува со овој објект.

Градоначалникот Марко Колев утрово одржа прв работен состанок со претставници на Друштвото за трговија и услуги кои на електронското јавно наддавање понудија  највисока цена од 93.516.00 денари месечна закупнина.

Во наредните месеци активно ќе се работи на уредување на просторот согласно идејното решение со цел објектот да стане атрактивно место за домашните и странските посетители.

Еко кампот со парк на авантури за деца и платформа за набљудување на птици на дел од езеро Младост се очекува да биде отворен за неколку месеци.