ПРЕГЛЕД НА ПРОЕКТИ 2019 ГОДИНА
Рб. | ПРОЕКТ | ОПИС | ДОНАТОР | ВКУПНА СУМА МКД | УЧЕСТВО НА ОПШТИНА ВЕЛЕС МКД | УЧЕСТВО НА ДОНАТОРОТ МКД | РОК НА РЕАЛИЗАЦИЈА |
СТАТУС во Тек |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1 | „СМАРТ Езеро Младост- Прва иновативна туристичка атракција во Македонија” Проект финансиран од ЕУ преку ИПА Раководен од Светска банка (ЛРЦП) | Проектот е интегрирана целина од инфраструктурни зафати, набавка на опрема, активности за сигналитика и активности за туристичка промоција”. Со проектот Велес и регионот ќе добијат пешачка патека покрај езерото долга 750 метри, еко камп со 7 куќички од дрво во форма на вински буриња како симбол на македонскиот вински пат и парк за авантури за деца во рамките на кампот.Ќе се подобри пристапот до угостителските објекти и ќе се воведат СМАРТ елементи: велосипеди, паркинг, канти за отпадоци и клупи. Целта на проектот е развој на прва СМАРТ транзитна дестинација во државата. | Европска Унија ИПА Спроведуван од Проект за локална и регионална конкурентност на Светска банка -ПРЛК | 61.972.091 | 6.466.336 | 55.505.755 | 31.12.2019 | Во тек |
2 | Асфалтирање на постоечки земјен локален пат помеѓу селата Сливник и Бузалково | Со асфалтирањето на патот во должина од од 3.380 метри ќе се подобри патната инфраструктура и квалитетот на живот на жителите на селата Сливник и Бузалково. | Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој АФПЗРР Мерка 321 за рурален развој/ | 23.599.600 | 3.600.000 | 19.999.600 | Во тек | |
3 | Изградба на патен правец с.Сливник -с.Бузалково | Средствата од проектот ќе се икористат за изградба на дополнителни 881 метар асфалтен пат со што ќе се заокружи патната инфраструктура помеѓу селата Сливник и Бузалково и ќе се обезбеди подобра инфраструктура за жителите | Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој АФПЗРР Мерка 321 за рурален развој/ | 12.230.553 | 1.865.678 | 10.364.875 | 31.12.2019 | Во тек |
4 | Изградба на улици низ село Сливник- | Со проектот ќе бидат изградени улици во село Сливник во должина од 1 км со што ќе се подобри квалитетот на живот во селото. | Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој АФПЗРР /Мерка 322 за рурален развој | 8.310.563 | 1.267.713 | 7.042.850 | 31.12.2019 | Во тек |
5 | Асфалтирање на постоечки земјен пат до локалитет Пешти – финансиран од АФПЗРР преку мерка 323 за рурален развој | Со проектот ќе се овозможи подобар пристап до локалитетот Пешти- карактеристичен пејсаж на подрачјето на Општина Велес. Целта на проектот е поттикнување развој на туризмот | Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој АФПЗРР Мерка 323 за рурален развој/ | 15.791.846. | 2.408.926 | 13.382.920 | 31.12.2019 | Во тек |
6 | Велес без бариери | Изградба на лифт во јавен објект и порамнување на ивичњаци на тротоари за пристап на инвалидизирани лица. Целта е олеснување на пристап за лица со ограничена мобилност до урбаната инфраструктура | Програма за развој на Обединетите нации УНДП | 2.800.000 | 0 | 2.800.000 | 31.12.2019 | Во тек |
7 | Реконструкција на кров на ОСУ „Јовче Тесличков” | Со реконструкцијата ќе се подобрат условите во училиштето и ќе се отстранат штетните азбестно-цементни плочи | Меѓународна банка за обнова и развој/Министерство за финансии /Грант за добро спроведен проект. | 6.504.691 | 3.414.237,00 | 3.090.454,00 | 31.12.2019 | Во тек |
8 | Водоводен систем во индустриска зона „Мамутчево” | Целта на проектот е подобрување на комуналната инфраструктура во ИЗ „Мамутчево” и зајакнување на капацитетите на општината за привлекување на инвестиции | Биро за регионален развој – Програма за рамномерен регионален развој за 2019 (заедно со ВПР) | 5.468.057 | 9.663.076 | 31.12.2019 | Во тек | |
9 | Изградба на улица бр 5 во село Иванковци | Со проектот ќе биде изградена улицата бр. 5 во село Иванковци во должина од 190 м,со што ќе се подобри квалитетот на живот во селото. | Биро за регионален развој за развој на селата | 1.262.642 | 630.184 | 632.458 | 31.12.2019 | Во тек |
10 | Изготвување на техничка документација – проект за пречистителна станица во село Сливник | Сретствата од проектот ќе се искористат за подготовка на неопходната техничка документација за изградба на пречистителна станица во село Сливник | Министерство за животна средина и просторно планирање | 400.000 | 0 | 400.000 | 31.12.2019 | Во тек |