Преку креативно – едукативна работилница со дечињата од ОЈУДГ “Димче Мирчев” го одбележавме почетокот на Европската недела на мобилност која ќе трае до 22 Септември. Најмладите уживаа во активностите изведени во соработка со Спортската академија “Јуниор” од Велес во Pump track и на игралиштето во Градскиот парк.
Другаруваме и спортуваме, за здрави деца и здрава иднина!

Меѓудругото, тимот од Општина Велес обезбеди и достојни донации од општествено одговорни компании кои донираа велосипеди за деца, трицикли, топки за разни спортови, спортски реквизити, освежителни пијалоци и житарки, хигиенски средства и друго, наменети за сите клонови на ОЈУ Детска градинка „Димче Мирчев”, сите општински основни и средни училишта од градот. Донациите ги овозможија „Нестлè Адриатик д.о.о.е.л. Македонија”, „Еуро-Фарм”, „Стокомак”, „ Виталиа Никола ДОО”, „Витал БТ”, „Базаро”, „Интерспорт”, „Спорт М” и „Алкалоид АД“ Скопје. Додека пак помагатели и поддржувачи на активностите за одбележување на ЕНМ 2022 во Велес се и Делегацијата на Европска унија и Европска куќа Скопје, волонтерите на Младински центар, Велес, ЗГ „Велес бајкинг”, ИО „Димитар Влахов”, МВР-СВР Велес, како и Отворен регионален фонд за енергетика, транспорт и климатска заштита (ORF-ETC), Германско друштво за меѓународна соработка (GIZ).

Детални информации за секој настан можат да се најдат на официјалната веб страница на Општина Велес.