Викендов во Велес се одржа меѓународен натпревар во кајак, во организација на „Кајак кану клуб „Арка Борец“. Во саботата се одржа кајакарскиот натпревар во класик дисциплина во кој учествуваа четириесетина натпреварувачи. Кајакарскиот викенд беше заокружен во неделата со второто коло од Европскиот куп  кое се одржа во Градскиот парк. Студеното време не беше пречка за најдобрите кајакари да ги покажат своите спортски вештини и да приредат вистинско уживање на љубителите на овој спорт.

Општина Велес упатува честитки до победниците и до организаторите на настанот за успешна реализација на уште едно престижно спортско натпреварување во градот.