Два месеци исполнети со разновивдни настани од областа на културата, музиката, литературата. На различни локации граѓаните, особено најмладите, имаа можност да се дружат, учат, забавуваат, креираат и рекреираат. Велешко лето 2024 е пред своето финале.

Утревечер, 31 август, со почеток во 21 часот, во Амфитеатарот, ќе се доделат наградите од ликовниот и поетскиот конкурс, а присутните ќе се забавуваат со музиката на велешанецот Тони Андреев, а низ вечерта ќе ги води неповторливиот Стефан Николовски.

Општина Велес ве очекува заедно да го одбележиме крајот на Велешко лето 2024.