По заокружување на целиот процес на избор и формирање на Локален младински совет во Општина Велес, Локалниот младински совет на Општина Велес ја одржа првата констутутивна седница на која членовите избраа претседател и заменик претседател.

За претседателка на Локалниот младински совет е избрана Ања Трајковска, а функцијата заменик претседател, во наредните две години ќе ја извршува Марко Варналиев.

Локален младински совет претставува тело на локалната самоуправа кое го сочинуваат млади претставници на различни форми на организирање и здружување во Општина Велес. Советот има советодавна и застапувачка улога за прашањата од младински интерес кон локалната самоуправа.

Локалниот младински совет брои седум членови и нивниот мандат е две години.

Членови на советот се Марко Ангелов, претставник на Фондација „Импакт нет”, Лилјана Андовска, претставник на Фондација за локален развој и демократија „Фокус”, Андреј Божиновски, претставник на Центар на активни граѓани „Активо”, Марко Варналиев, претставник на ОСУ „Јовче Тесличков”, Велес, Теона Гаштарска, претставник на Организација на жените на Општина Велес, Кристијан Мартинов, претставник на Еколошко друштво „Вила зора” и Ања Трајковска, претставник на Организација на жените на Општина Велес.

Детални информации за целиот процес на формирање на Локален младински совет, може да најдете на интернет страницата на Општина Велес (https://veles.gov.mk/), во делот „МЛАДИ” (https://veles.gov.mk/mladi-2022/).