Поставени се фотоволтаични панели на кровот на ОУ „Лирија“ во село Бузалково. Во тек се и градежни активности за реконструкција на стариот дел од училишната зграда. Градоначалникот Марко Колев, заедно со советникот Невзат Муаремовски и директорот на училиштето Иљаз Мемети, денеска изврши увид во градежните работи.

Фотоволтаични панели се поставени и на ООУ „Васил Главинов“, ОУ „Рајко Жинзифов“, ОСУ „Јовче Тесличков“, СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, ССОУ „Димитрија Чуповски“, ООУ „Панко Брашнаров“, ООУ „Блаже Конески“ и во ССОУ „Коле Неделковски“.

Во тек е поставување на фотоволтаици на Народниот музеј, а наскоро и локалната библиотека „Гоце Делчев“ ќе започне со сопствено производство на електрична енергија.