Фудбалското игралиште во ООУ „Вассил Главинов“ е направено и подготвено е да ги прими првите играчи. Првиот од трите спортски терени, предвидени во дворот на училиштето е завршен. Учениците и граѓаните од овој дел на градот добија современо игралиште со вештачка трева. Во наредниот период ќе продолжи целосната реконструкција на овој спортско – рекреативен комплекс.
Општина Велес продолжува да инвестира во спортот и здравите навики кај младите.