Во рамки на Велешкото културно лето 2020 „ВелеСOOLтУра – Латитуда 41’ / Лонгитуда 21’”, на отворената сцена на амфитеатарот во Младинскиот парк, вечерва беше прикажан документарниот филм „Којник“.

Филмот е направен по сценарио, текст и режија на проф. Љубомир Ракиџиев и Кире Василевски, а е во продукција на ТВ Канал 21, Велес и Зоран Ставрев.

Пред присутната публика говореа хроничарот, Љупчо Данов и новинарот, Кире Василевски.

Поради актуелната ситуација со Ковид-19 сите настани и активности се реализираат согласно објавените протоколи за почитување на препорачаните мерки за заштита и превенција од ширење на коронавирусот.

Програмата на Велешко културно лето 2020 можете да ја погледнете на следниов линк.