Општина Велес и годинава се приклучува на акцијата „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 25”, во организација на компанијата „МЕН ЕНД МАУНТЕН”, со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ЗЕЛС, Црвен крст, Пивара, Пакомак, Шпаркасе МК, Нула отпад, Бучим, Макстил, ЕВН, Костал.

На ден 09.05.2025 година (петок) ќе се спроведе акција Генералка викенд 2025 за чистење и селектирање на отпад на територија на Општина Велес, со локација на улица Павел Шатев, населба Керамидна.

Се покануваат граѓаните да ја поддржат акцијата и да учествуваат со чистење и селектирање на отпад на гореспоменатата локација.