Oпштина Велес се приклучува на акцијата “ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД”, во организација на компанијата “МЕН EНД МАУНТЕН”, со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Делегација на Европска унија, Пивара и ПАКОМАК Скопје, која ќе се одржи на 06 и 07 мај.

Организаторот има цел за секои 10 килограми собран отпад да биде засадено по едно дрво и да се формира шума што ќе расте секоја година со секоја ГЕНЕРАЛКА.

Општина Велес се приклучува на акцијата со организирање на следните активности:

БР. НАСТАН / АКТИВНОСТ ЛОКАЦИЈА ВКЛУЧЕНИ ДАТУМ
1 Акција за собирање

на селектиран отпад

ОЈУДГ „Димче Мирчев” ОЈУДГ „Димче Мирчев”  6 (петок) мај
2 Акција за собирање

на селектиран отпад

Општински основни и средни училишта

ПОУ „Маца Овчарова”

ООУ и ПОУ „Маца Овчарова” 6 (петок) мај
3 Граѓанска акција за чистење

на јавни површини

од отпад

 

 

Зелен појас на река Бабуна

 

 

Вработени во Општина Велес,

ЈКП „Дервен”, граѓански организации и граѓани

 

7 (сабота) мај
4 Акција за чистење на река Вардар од отпад oстровче во река Вардар / Градски парк Професионални спасители, членови на Здружението за безбедност на вода и планина „Македонски спасител”, Велес,

ЕГ „Green power”, Велес,

ЕД „Вила зора”, Велес,

ЈКП „Дервен”.

7 (сабота) мај

Активноста бр.4 “Чистење на зелен појас на река Бабуна” која ќе се одржи на 7 ми мај (сабота) е со почеток во 10.00 часот на потегот од летниковецот во напосредна близина на “АГРИА” до т.н трети вир.

Општина Велес обезбеди организиран превоз.

Комби возилата на “ПАН ТАКСИ” ќе тргнуваат:

– во 09.00 часот на автобуска постојка спроти “ПАН ТАКСИ”;

– во 09.10 часот на ул. “Благој Ѓорев” спроти “Офицерски”.

– во 09.15 часот oд плоштад “Сармаале”

Зборно место за учесниците кои ќе дојдат со сопствен превоз е летниковецот до АГРИА во 09.45 часот.

Носењето маска e задолжителнo.

Општина Велес ги поканува сите заинтересирани граѓани да земат активно учество со придружување до акцијата или со чистење на нивната непосредна околина.

Вашата акција можете да ја пријавите на: opve@veles.gov.mk

                                                                                                                                                                                                                                          ОПШТИНА ВЕЛЕС