Годинава се одбележуваат 188 години од раѓањето и 128 години од смртта на браќата Андреја и Константин Петкович. Браќата се родени во Башино Село и во стручните кругови важат за втори близнаци во македонската книжевност од 19 век, после струшките браќа Константин и Димитар Миладинови.

Двајцата браќа уште како млади заминале во Одеса, Русија каде завршиле високи школи и станале руски дипломати. Се школувале во Одеса и Петроград, а по завршувањето на студиите се занимавале со дипломатска служба, публицистичка и преведувачка дејност. Постариот брат Константин започнал со дипломатска служба од Либан преку Дубровники , па сé до Венеција, каде ја завршува својата дипломатска кариера. Андреја пак скоро 20 години бил дипломат за Царска Русија во Риека, Хрватска. Зад себе оставиле бројни книжевни дела.