На 15 февруари се навршуваат 187 години од раѓањето и 149 години од смртта на македонскиот преродбеник Рајко Жинзифов. Во негова чест, делегација на Општина Велес,претставници на училиштето што го носи неговото име, и други институции, положија цвеќе пред спомен бистата во дворот на општинското основно училиште во Горно Оризари.
Рајко Жинзифов е роден на 15 февруари 1839 година во Велес. Потекнува од влашко семјество кое од Битола се доселило во Велес. Тој е македонски публицист, писател и поет, преведувач и собирач на народно творештво и еден од учениците на Миладинов. Жинзифов е авторот на биографијата на браќата Миладиновци. Негово творештво е поемата „Крвава кошула“ во која тој го опишува тешкиот живот на македонскиот народ под турско ропство.
По повод патрониот празник училиштето организира свечена приредба што ќе се одржи вечерва во Големата сала на Општина Велес со почеток во 18:00 часот.





