На денешен ден се навршуваат 81 години од трагичната смрт на велешките семејства Митреви и Капчеви. На 10 декември 1942 година Велес го потресе силна експлозија. Пеколната машина експлодирала во куќата на Митреви. При експлозијата животите ги загубиле  Димко, Тоде, Љуба и Васа Митреви  како и  Трајко, Илија и Ката Капчеви.

Од голема историска важност е борбената и револуционерна активност на Димко Митрев и Илија Капчев, нивниот придонес во борбата за слобода на Македонија. Димко Митрев и Илија Капчев, од партиската организација добиваат задача да извршат диверзантска акција со минирање на железничката линија Атина – Берлин бидејќи имале најголемо искуство за ракување и поставување на експлозивни направи.

На годишнината од нивната смрт Општина Велес се потсети на нивните херојски дела и пожртвуваност за слободна Македонија.