Интензивно се гради на улица „Васил Главинов“. Продолжува изградбата на потпорниот ѕид на улицата со кој се обезбедува стабилноста на теренот и се зголемува безбедноста на граѓаните, имотот и сообраќајот.
Истовремено со овие активности, по барање на жителите, се врши и проширување на постојниот паркинг простор, со што дополнително ќе се подобри функционалноста на овој дел од градот.







