Продолжуваат градежните активности во Мамутчево. По целосно реконструирање и асфалтирање на коловозот, во тек е уредувањето на тротоарите на влезот во селото. Со оваа фаза, Општина Велес продолжува да ја подобрува патната инфраструктура во руралните средини, обезбедувајќи побезбедно движење на пешаците и останатите учесници во сообраќајот.







