Во соработка меѓу Општина Велес и месната заедница од село Горно Оризари, деновиве се работи на поплочување на тротоар покрај локален пат кон селото. За овој градежен зафат Општина Велес достави 800 квадратни метри бехатон плочки, 800 метри рабници, 80 кубни метри тампонски материјал и 1000 квадратни метри геотекстил. Локалното население учествува со работна рака и механизација.
Општина Велес продолжува со инвестиции во руралните средини неопходни за рамномерен развој на општината.