Се известуваат граѓаните дека од среда (25.05.2022 година) ќе се изведуваат градежни работи на раскрсница на улица „Ангел Мишев“ спој со улица „Петре Прличко“ и улица „Димитар Влахов“. Поради тоа се јавува потреба од забрана за сообраќај на тој дел од улицата.

Сообраќајот ќе се одвива во отежнати услови согласно поставената сообраќајна сигнализација. Општина Велес со апел до граѓаните да ја почитуваат поставената сигнализација со цел непречено одвивање на градежните зафати.

За секоја измена во времениот сообраќаен режим граѓаните ќе бидат навремено информирани.

На истоимената улица во тек се градежни зафати за поставување на нов канализационен колектор и нова секундарна канализациона линија.