Сé е подготвено за осмомартовскиот базар во Велес. Тезгите се поставени долж тротоарот кај Панини, а од утре ќе бидат полни со уникатните рачни изработки на нашите ракотворци. Подароци за вашите мајки, баби, тетки можете да најдете токму на базарот и да ги израдувате на Меѓународниот ден на жената, 8 Март.
Базарот ќе го отворат децата од градинките и учениците утре, среда, во 11:00 часот со своите рачни изработки. Од четврток до недела на базарот ќе учествуваат велешките ракотворци чиј број од година во година се зголемува.
Општина Велес ги поканува граѓаните на осмомартовско дружење и на симболичен начин да им го честитаме Меѓународниот ден на сите жени.


