Во соработка со месната заедница од с.Црквино започната е реконструкција на две улици во селото, во вкупна должина од 450 метри. Денес градоначалникот Марко Колев направи увид на градежните активности за подготовка пред асфалтирање, каде се прави ископ, кршење на карпа, планирање и валирање на подлога и распостилање на тампон.
Со подобрување на временските услови ќе се отпочне со работа и на други предвидени улици во Велес и околните села. Општина Велес и градоначалникот Колев остануваат посветени на целта за добросостојба на сите жители на Општината.