Соработката и координацијата помеѓу ЈКП Дервен и Општината како основач на претпријатието е од клучно значење за подобрување на животот на велешани од повеќе аспекти. Токму затоа градоначалникот Марко Колев денес одржа работна средба со директорот на комуналното претпријатие, Горанче Наунчев и раководителите на секторите, на која разговараа за тековни активности, видливо подобрената хигиена во градот, но и за развојната компонента на Општината во делот на хигиена, водовод и канализација, како и хортикултурно уредување.
По завршувањето на средбата беа во посета и на филтерната станица која функционира одлично, поради што велешани имаат една од најдобрите води за пиење.
Тука е и градската депонија, каде отпадот се складира, селектира, а дел и рециклира, а во наредниот период предвидено е и осовременување и унапредување на процесите и просторот.
Но, одговорноста за градот е на сите нас. Заедно да се грижиме за зачувување и унапредување на средината во која живееме, затоа што само така можеме да придонесеме за поубав Велес, Велес за сите нас!