Денес е Свети Трифун, заштитникот на лозарите и градинарите. Градоначалникот на Општина Велес, г-дин Марко Колев, на сите граѓани од православна вероисповед им го честита големиот христијански празник и посакува родот да биде заштитен и богат годинава, и да им носи радост и бериќет на сите производители на вино.
Велат во виното е вистината, затоа да се залагаме само за вистинските вредности во животот, да бидеме добри и достоинствени граѓани посветени на својата заедница и нејзиниот одржлив развој.