Градоначалникот Марко Колев денеска оствари средба со Митрополитот Повардарски Господин Агатангел. Работната средба се одржа во просториите на Повардарска епархија по покана на Владиката и на неа се разговараше за клучни прашања, важни за општината.
Општина Велес и Градоначалникот Колев се секогаш отворени за соработка со сите верски заедници во општината во насока на решавање на проблемите и подобрување на условите за живот за граѓаните на Велес.