Градоначалникот Марко Колев и годинава со радост ги пречека бадникарчињата кои го најавија Христовото раѓање Божиќ. Стотина дечиња денеска ја продолжија вековната традиција, пеејќи и славејќи го Бог, поминаа низ центарот на градот и стигнаа во општинската зграда. Градоначалникот заедно со советниците ги пречекаа со божикни пакњтчиња и им се заблагодари за тоа што уште еднаш не потсетија на вистинските вредности во животот. Нека Бадник ни дари мир за раѓањето на нова надеж, радост за спасение, спокој и мир во срцата. Честит Бадник. За многу години !