Ќе се уредува дел од Градски парк. Општина Велес изготвува проект за уредување на делот од Градскиот парк кој се наоѓа меѓу стадионот и пругата со што значително ќе се зголеми опфатот на паркот за релаксација на граѓаните.

Општина Велес ќе изработи и идејно решение за целиот Градски парк со кој ќе бидат опфатени постоечките патеки, а ќе се проектира и нова тартан патека за сите кои спортуваат и рекреираат. По добивањето на техничката документација, ќе се работи во насока на обезбедување на финансиски средства за реализација на овој проект.