Празнувајќи го Христовото раѓање, го празнуваме животот исполнет со љубов, надеж и меѓусебно разбирање, дарување, помагање, сочувствување и поддржување. Божиќ е празник на семејството, ден кога се молиме за добро здравје, среќа и радост. Овој голем христијански празник не учи да бидеме солидарни, да споделуваме со оние кои имаат помалку, да им помагаме на немоќните и обесхрабрените. Нека е честит и вековит големиот христијански празник, Божиќ .