Со концерт од час и половина и со песни за сечиј вкус, музичкото дуо Јованче и Марина, вчеравечер се обиде да ја поттикне хуманоста кај велешани, да ја отворат апликацијата ecrowd.mk и да донираат средства кои ќе бидат наменети за граѓани на кои им се неопходни.

Велешани го исполнија Младински парк и се забавуваа на прекрасната музика од хуманитарниот концерт, наречен музичка аптека.

Музичкиот настан беше дел од програмата на Велешко лето 2024.

Велешко лето продолжува веќе утре, на 31 јули, со интерактивна работилница за деца „Кошница со овошје“ со Сања Стојанова што ќе се одржи во Младински парк во 20:00 часот.