„Трчаме за Рацин“ и годинава ќе се одржи атлетската трка на 5 и 10 километри во чест на бесмртниот Рацин. Во тек се подготовките за трката од страна на организаторот Здружението АК Борец. Освен за возрасните, детска трка ќе биде организирана и за најмалите на Велес.

Од оваа година трката е дел и од Македонската тркачка лига – прва официјална лига за улични трки во Македонија, каде се очекува на тринаесетте трки кои се дел од лигата да продефилираат над 20 илјади учесници.

Пријавите за трката што ќе се одржи на 8 јуни се веќе отворени.

„Трчаме за Рацин“ е поддржана од Општина Велес. Се повикуваат сите професионални и рекреативни атлетичари да земат учество во трката низ улиците во Велес.