Во рамките на проектот „И хартијата има вредност – рециклирај за здрава иднина!”, денес, учениците од ООУ „Лирија“ – с.Бузалково, Велес со примена на квилинг техника на креативен начин создадоа уметнички дела за украсување на честитки изработени од рециклирана хартија. Квилинг е техника на изработка на слики од хартиени ленти или уметност на виткање на хартија во боја. Целта на проектот е подигнување на свеста за заштита на животната средина и зголемување на знаењето за начинот на рециклирање на хартијата.
Во изминатиот период работлиници се одржаа и во ООУ „Васил Главинов“ – Велес, ООУ „Св.Кирил и Методиј“ – Велес, ООУ „Стојан Бурчевски Буридан“ – с.Иванковци, ООУ „Рајко Жинзифов“ – Горно Оризари и ССОУ „Димитрија Чуповски“ – Велес.
Проектот го спроведува Здружението на граѓани „Ресурсен центар на лица од ранливи категории – РЦЛРК” – Велес во партнерство со Здружението на граѓани „Куќа на среќата” – Скопје и е поддржан во рамки на Регионалната програма за локална демократија на Западен Балкан 2 (ReLOaD2), финансиран од Европската унија (ЕУ), а се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), со финансиска поддршка од Општина Велес.