Во рамките на проектот „И хартијата има вредност – рециклирај за здрава иднина!”, учениците од ООУ „Васил Главинов“, ООУ „Св.Кирил и Методиј“ и ССОУ „Димитрија Чуповски“ од Велес изработија новогодишни честитки од рециклирана хартија. Новогодишните честитки ги поделија на децата во Детското одделение при ЈЗУ Општа болница – Велес и на нашите сограѓани, а сè со цел подигнување на свеста и зголемување на знаењето за начинот на рециклирање на хартијата.
Проектот го спроведува Здружението на граѓани „Ресурсен центар на лица од ранливи категории – РЦЛРК” – Велес во партнерство со Здружението на граѓани „Куќа на среќата” – Скопје и е поддржан во рамки на Регионалната програма за локална демократија на Западен Балкан 2 (ReLOaD2), финансиран од Европската унија (ЕУ), а се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), со финансиска поддршка од Општина Велес.