Вториот ден од Европската недела на мобилност, во соработка со Младинскиот центар, одрживме младинска работилница во просториите на Јуроп хаус – Велес. На работилницата, се разговараше за предизвиците со кои се соочуваат младите како пешаци при извршување на секојдневните активности. Учениците споделија и свои искуства при посета на други држави во кои јавниот превоз и алтернативните транспортни средства предничат во однос на автомобилите. Поделени во групи даваа свои идеи и предлози за тоа како го замислуваат Велес како зелен град во 2030.

Партнери и поддржувачи на активностите за одбележување на Европската недела на мобилност 2025 во Велес се „Стокомак”, Министерство за животна средина и просторно планирање, ОЈУДГ „Димче Мирчев”, МВР-СВР Велес, Младински центар Велес и ООУ „Панко Брашнаров“ – Велес.

Општина Велес ги повикува сите жители да се придружат на овие активности.

Детални информации за секој настан можат да се најдат на официјалната веб страница на Општина Велес.