Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“ ќе се одржи по 23 пат во Велес. Од 15 до 24 септември љубителите на театарската уметност ќе имаат можност да проследат интересни антички драми на театри од Македонија, Србија и Италија.
Фестивалот стартува со претставата „Бегалка“ во изведба на струмички театар, потоа следува претставата „Претходно“ на театар од Сицилија. На сцената на велешки театар ќе се одигра и претставата „Годо“ копродукција на велешки, штипски и кумановски театар. Драмски театар ќе се претстави со „Падот на Масада“, а театар од Зрењанин со претставата „Лисистрата“. Затворањето на фестивалот е со претставата „Сите убави нешта“ на штипски театар.
И годинава ќе бидат доделени наградите за најдобра претстава, најдобра режија, најдобра женска и машка главна улога.
За реализација на фестивалот на античка драма се обезбедени 500 илјади денари од Општина Велес и 800 илјади денари од Министерството за култура.
Општина Велес ги поканува сите љубители на театарската уметност да проследат различен уметнички израз и современа античка драма.