Триесет и три годишниот Игор Иванов од населба Превалец е најсреќниот меѓу стотината велешани кои денеска на големиот христијански празник Богојавление Водици скокнаа во ладните води на Вардар по Светиот крст. Иванов е семеен човек, сопруг и татко на три деца.
„Годинава ми е среќна година, на Божиќ ми се роди ќерка. Нека е среќна и бериќетна за сите, истакна Иванов.
Со водосветот чиноначелствуваше Митрополитот Повардарски Господин Агатангел. Манифестацијата продолжи во Повардарската епархија каде на Иванов му беа доделени пригодни подароци. И покрај ладното време манифестацијата ја следеа голем број верници кои застанати на двата брега на река Вардар ги поддржаа сто и четворицата велешани, меѓу кои и една девојка, во чинот на фаќањето на Светиот крст.