Илинденската коњаница вчеравечер пристигна во центарот на Велес. Во духот на традицијата, со песна и оро ја пречекаа велешани посакувајќи им храбро и достоинствено да го продолжат патот кон славното Крушево.

Учесниците на Илинденскиот марш се поклонија и оддадоа почит пред споменикот на Велешките илинденци.

Илинденскиот марш е во организација на Здружението на граѓани „Илинденски марш 1978“.  Тргна од Скопје а ќе заврши во Крушево на 2 Август, на прославата на најголемиот македонски национален празник Илинден, кога во 1903 – тата беше прогласена Крушевската Република.