Општина Велес и годинава традиционално ќе ги пречека коњаниците од Илинденскиот марш. На 28 јули, во недела, во 19 часот ќе пристигне коњаницата во центарот на градот, кога бројни делегации, во чест на великаните од минатото, ќе се поклонат и ќе положат свежо цвеќе пред споменикот на Велешките илинденци.

Илинденскиот марш, кој започна од Скопје, ќе заврши на 2 Август во Крушево, на прославата на најголемиот македонски национален празник –  Илинден. Маршот е во организација на Здружението на граѓани „Илинденски марш 1978 година“.