По повод годишнината од смртта на народниот учител Јордан Хаџи Константинов Џинот, вчеравечер во неговата родна куќа оддекнаа изворните зборови од просветителот на македонски народен јазик. Младинците од МДПС „Премиера“, ги надополнија зборовите со животописот полн со прогонства, и на тој начин се поклонија  пред делото на овој великан. Родната куќа на Џинот заживеа и со звуците на Петар Марков, достојно одбележувајќи ја 142 годишнината од смртта на учителот.

Одбележувањето на годишнината на Џинот е дел од активностите на „Велешко лето 2024“. Вечерва имате можност да присуствувате на креативна дружба со Филип Коруновски во Europe house Велес.