Општина Велес во соработка со Јавното Комунално Претпријатие „Дервен” интензивно и континуирано работи на чистење на дивите депонии и на локации со отпад од непознато потекло.

Во изминатиот период исчистена е дивата депонија во и околу поранешниот хотел „Вила Зора”, како и подрачјето на брегот на реката Вардар.

Овие денови се расчистуваат дивите депонии на брегот на реката Вардар кај „УСКА”, позади трафиките на улица „Димитар Влахов”, како и на парковата површина под Железниот мост.

Активностите за дезинфекција на јавните површини со ист интензитет се реализираат и во текот на денешниот ден, а ќе се одвиваат сè додека постои опасноста од заразување со коронавирусот (COVID – 19).

Општина Велес навремено ќе ја информира јавноста за тековните и следни активности.