Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски денеска оствари средба со Командантот на Командата за Обука и Доктрини, бригадниот генерал Методи Хаџи Јанев од касарната „Алексо Демниевски Бауман“ и главниот началник Љупчо Стојков.

На средбата беше потврдена поддршката од доменот на цивилно-воената соработка помеѓу Општина Велес и припадниците на велешкиот гарнизон, но се разговараше и за реализација на проект од областа на образованието и заштитата на младите од штетното влијание од конзумирањето наркотични средства. Проектот е поддржан од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

На средбата градоначалникот Коцевски изрази благодарност за заложбата, придонесот и активното вклучување на припадничките и припадниците на Армијата во активностите за справување со пандемијата предизвикана од Ковид-19.  Истовремено двете страни изразија задоволство за досегашната соработка помеѓу двете институции и за перспективите и можностите за идно заеднички делување со цел подобра и безбедна заедница.