Врз основа на член 30 став 1 алинеја 2 и став 3 и член 48 од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 48/15, 5/16, 142/16 и 11/18), член 2 од Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број бодови од постапката за селекција во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на Република Македонија“ бр.11/15 и 35/18) и одредбите од Правилникот за систематизација на работните места во Општина Велес бр.01-2888/1 од 12.06.2018 година, Општина Велес објавува

ИНТЕРЕН ОГЛАС БР. 01/2019
за унапредување на административен службеник
во Општина Велес

Општина Велес објавува Интерен оглас за унапредување на административни службеници за следниве работни места:

1.УПР 01 01 В01 000-Советник за спроведување на урбанистички планови, 1 извршител.

Општи услови
-да е државјанин на Република Македонија,
-активно да го користи македонскиот јазик,
-да е полнолетен,
-да има општа здравствена способност за работното место,
-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови
стручни квалификации, и тоа:

за нивото В1 ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен: Архитектура, урбанизам и планирање или градежништво и водостопанство.

Работно искуство
-за нивото В1 најмалку три години работно искуство во струката.

Општи работни компетенции за средно ниво

  • решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг,
    учење и развој, комуникација, остварување резултати, работење со други/тимска работа, стратешка свест, ориентираност кон странките/засегнати страни, раководење и финансиско управување.

Посебни работни компетенции

  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,

При ова административниот службеник треба да ги усполнува и следните услови:
-да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување;
-да е на работно место на непосредно пониско ниво од работното место за кое е објавен интерниот оглас;

  • да поминал најмалку две години на тековното работно место и
    -да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

Распоред на работното време:

  • Работни денови: понеделник-петок
  • Работни часови неделно: 40
  • Работно време: од 07:30 до 15:30
  • Паричен нето износ на плата: 25.042,00 денари

2.УПР 01 01 В03 000- Соработник за млади, спорт и здруженија на граѓани,1 извршител.

Општи услови
-да е државјанин на Република Македонија,
-активно да го користи македонскиот јазик,
-да е полнолетен,
-да има општа здравствена способност за работното место,
-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови
стручни квалификации, и тоа:

  • за нивото В3 ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен: Образование

Работно искуство
-за нивото В3 најмалку една година работно искуство во струката.

Општи работни компетенции за средно ниво

  • решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг, учење и развој, комуникација, остварување резултати, работење со други/тимска работа, стратешка свест, ориентираност кон странките/засегнати страни и финансиско управување.

Посебни работни компетенции

  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,

При ова административниот службеник треба да ги усполнува и следните услови:
-да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување;
-да е на работно место на непосредно пониско ниво од работното место за кое е објавен интерниот оглас;

  • да поминал најмалку две години на тековното работно место и
    -да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

Распоред на работното време:

  • Работни денови: понеделник-петок
  • Работни часови неделно: 40
  • Работно време: од 07:30 до 15:30
  • Паричен нето износ на плата: 23.600,00 денари

Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 (пет) дена, сметано од денот на објавување на огласот.

На интерниот оглас може да се јават административни службеници вработени во Општина Велес, кои ги исполнуваат општите и посебните услови и работни компетенции за пополнување на работното место пропишани за соодветното ниво согласно Законот за административни службеници и во Правилникот за систематизација на работните места во Општина Велес.

Заинтересираните административни службеници поднесуваат пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Општина Велес до Одделението за човечки ресурси со назнака за интерен оглас како и на електронска адреса opve@veles.gov.mk.

Пријавата содржи
-име и презиме
-тековно работно место, ниво;
-работно искуство.

Кон пријавата кандидатите можат да ги приложат и следните документи:
-потврди за успешно реализирани обуки и/или
-потврда за успешно реализирано менторство (како ментор или менториран административен службеник).

Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази се верни на оригиналот.
Ненавремена, нецелосна и неуредно пополнета пријава нема да биде предмет на разгледување.
Постапката ќе ја спроведе посебно формирана Комисија за селекција за унапредување. Кандидатите ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја фаза од постапката и тоа:
-фаза 1- административна селекција за спроведување најдоцна 15 дена од денот на истекот на рокот за пријавување и
-фаза 2- спроведување на интервју во рок од 5 дена од завршувањето на фаза-1.
Напомена: кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата ќе се дисквалификува од натамошна постапка.

Бр. 03-4032/4
24.10.2019год.
Велес

Секретар
на Општина Велес
Елизабета Јовчевска