Општина Велес објавува Интерен оглас за унапредување на административен службеник за следното работно место:
- УПР 01 01 В02 000– Виш соработник за администрирање со база на податоци, Одделение за информатичка технологија, Сектор за правни и општи работи, јавни дејности, јавни набавки, информатичка технологи и поддршка на Градоначалникот – 1 извршител.
Општи услови
-да е државјанин на РСМ,
-активно да го користи македонскиот јазик,
-да е полнолетен,
-да има општа здравствена способност за работното место,
-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
стручни квалификации, и тоа:
– за нивото В2 ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен: Компјутерска техника и информатика или информатика.
Работно искуство
-за нивото В2 најмалку две година работно искуство во струката.
Посебни работни компетенции
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
Општи работни компетенции за средно ниво
решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг, учење и развој, комуникација, остварување резултати, работење со други/тимска работа, стратешка свест, ориентираност кон клиенти/засегнати страни, финансиско управување.
Распоред на работното време:
– Работни денови: понеделник-петок
– Работни часови неделно: 40
– Работно време: со почеток помеѓу 07:30 – 08:00 часот и завршување на работното време помеѓу 15:30 – 16:00 часот
– Паричен нето износ на плата: 37.144,00 денари.
Административниот службеник треба да ги усполнува и следните услови:
-да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување на кое бил оценуван;
-да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас;
-да поминал најмалку две години на истото ниво и
-да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 (пет) дена, сметано од денот на објавување на огласот.
На интерниот оглас може да се јават административни службеници вработени во Општина Велес, кои ги исполнуваат општите и посебните услови и работни компетенции за пополнување на работното место пропишани за соодветното ниво согласно Законот за административни службеници и во Правилникот за систематизација на работните места во Општина Велес.
Заинтересираните административни службеници поднесуваат пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Општина Велес до Одделението за управување со човечки ресурси со назнака за интерен оглас како и на електронска адреса opve@veles.gov.mk.
Пријавата содржи
-име и презиме
-тековно работно место, ниво;
-работно искуство.
Кон пријавата кандидатите можат да ги приложат и следните документи:
-потврди за успешно реализирани обуки и/или
-потврда за успешно реализирано менторство (како ментор или менториран административен службеник).
Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази се верни на оригиналот.
Ненавремена, нецелосна и неуредно пополнета пријава нема да биде предмет на разгледување.
Постапката ќе ја спроведе посебно формирана Комисија за селекција за унапредување. Кандидатите ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја фаза од постапката.
Напомена: кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата ќе се дисквалификува од натамошна постапка.


