Врз основа на член 30 став 1 алинеја 2 и став 3 и член 48 од Законот за административни службеници („Службен весник на РМ“ бр. 27/14, 199/14, 48/15, 5/16, 142/16 и 11/18 и „Службен весник на РСМ“ бр. 275/19, 14/20 и 215/21), член 2 од Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број бодови од постапката за селекција во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас, член 1 од Правилникот за изменување и дополнување („Службен весник на РМ“ бр.11/15 и 35/18) и одредбите од Правилникот за систематизација за работните места на Општина Велес бр.01-2888/1 од 12.06.2018 година и Правилниците за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Општина Велес бр.01-2982/1 од 06.08.2021 година, 01-613/1 од 31.01.2021 година, 01-1239/1 од 18.03.2021 година, 01-2196/1 од 27.05.2021 година, 01-2691/1 од 06.09.2021 година и бр.01-1521/1 од 17.03.2022 година, бр.01-3395/1 од 18.07.2022 година, бр.01-1347/3 од 10.03.2023 година, бр.01-4367/1 од 07.11.2024 година и бр.01-1837/1 од 20.03.2025 година, Општина Велес објавува
ИНТЕРЕН ОГЛАС БР. 04/2025
за унапредување на административни службеници
во Општина Велес
Општина Велес објавува Интерен оглас за унапредување на административни службеници за следнното работно место:
- 1. УПР 01 01 В02 000 Виш соработник за евроинтеграции и грантови, Одделение за евроинтеграции и локален економски развој, Сектор за урбанизам, заштита на животната средина, комунални дејности, евроинтеграции и локален економски развој, 1 извршител
Општи услови
- да е државјанин на РСМ,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
- ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Високо образование.
- најмалку две години работно искуство во струката.
Општи работни компетенции
- решавање на проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
- учење и развој
- комуникација
- остварување резултати
- работење со други/тимска работа
- стратешка свест
- ориентираност кон странките/засегнати страни и
- финансиско управување
Посебни работни компетенции
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски).
Распоред на работно време
- Работни денови понеделник-петок
- Работни часови неделно 40
- Работно време од 07:30 до 15:30 часот
- Опис за работното време со почеток помеѓу 07:30 – 08:00 часот и завршување на работното време помеѓу 15:30 до 16:00 часот
Паричен нето износ на плата: 37.144,00 денари
Административниот службеник треба да ги усполнува и следните услови:
-да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување на кое бил оценуван;
-да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас;
-да поминал најмалку две години на истото ниво и
-да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 (пет) дена, сметано од денот на објавување на огласот.
На интерниот оглас може да се јават административни службеници вработени во Општина Велес, кои ги исполнуваат општите и посебните услови и работни компетенции за пополнување на работното место пропишани за соодветното ниво согласно Законот за административни службеници и во Правилникот за систематизација на работните места во Општина Велес.
Заинтересираните административни службеници поднесуваат пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Општина Велес до Одделението за управување со човечки ресурси со назнака за интерен оглас како и на електронска адреса opve@veles.gov.mk.
Пријавата содржи
-име и презиме
-тековно работно место, ниво;
-работно искуство.
Кон пријавата кандидатите можат да ги приложат и следните документи:
-потврди за успешно реализирани обуки и/или
-потврда за успешно реализирано менторство (како ментор или менториран административен службеник).
Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази се верни на оригиналот.
Ненавремена, нецелосна и неуредно пополнета пријава нема да биде предмет на разгледување.
Постапката ќе ја спроведе посебно формирана Комисија за селекција за унапредување. Кандидатите ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја фаза од постапката.
Напомена: кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата ќе се дисквалификува од натамошна постапка.


