„Бидејќи сите финансиски средства во вкупен износ од 500.000,00 денари предвидени за субвенционирање на соларни сончеви термални колектори се исцрпени, јавниот повик за оваа намена денес се прекинува пред истекот на рокот” изјави на денешната прес конференција градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски.

За истото јавноста денес беше известена и преку соопштение, објавено на официјалната интернет страница на Општина Велес и на официјалниот Фејсбук профил на општината. Јавниот повик беше со рок до 26 јуни 2020 година, меѓутоа нема потреба од негово траење поради исцрпувањата на средствата, рече Коцевски.

Додека пак, јавниот повик за субвенционирање на велосипеди, наскоро ќе биде прекинат, најави градоначалникот, исто така пред истекувањето на рокот, а за тоа повторно јавноста ќе биде навремено информирана преку објава на офицјалната интернет страница и Фејсбук профил на Општина Велес.

До денес на јавниот повик за субвенционирање на соларни сончеви термални колектори 64 жители на Општина Велес поднеле апликации, а за велосипеди се поднесени 146 апликации кои се доставени до архивата на Општина Велес.

„Со ваквата соработка меѓу општината и граѓаните се зголемува јавната свест за повеќе да се користи велосипедот како превозно средство, а со сончевите колектори ќе се овозможи и намалување на сметките за струја во домаќинствата” додаде Коцевски.