Во рамки на Годишната програма за 2025 година, министерството за култура и туризам издвои околу 20 милиони денари за поддршка на проекти во Велес за развој на културата и негување на историското наследтсво во Велес.
За таа цел, министерот за култура и туризам Зоран Љутков заедно со директорот на Националниот конзеравторски центар Александар Јордановски и градоначалникот Марко Колев вчера го посетија манастирот Св. Димитрија и ги идентификуваа потребите и приоритетите за заштита на манастирот кој е прогласен за заштитетно културно наследство и претставува еден од највредните споменици на духовната и уметничката традиција во Македонија.
Во рамки на работната средба, заедно со директорот на Народниот музеј Велес, Ангел Коруиновски ги посетија и спомен куѓите на Јордан Хаџи Константинов – Џинот, Кочо Рацин и Васил Главинов.














