Во официјална посета на Општина Велес вчера беше амбасадорот на Италија во Македонија Н.Е. Паоло Палминтери. На средбата со градоначалникот Марко Колев се разговарало за досегашната одлична соработка на општината со Амбасадата, како и за можноста за продлабочување на комуникацијата и соработката во иднина, со што ќе се придонесе за развој на економијата и културата помеѓу Велес и Италија.