Ново улично осветлување има во селата Иванковци, Мамутчево и Кумарино. Изминатиот период се работеше на промена на мрежата на улично осветлување на овие три села.
Во наредниот период продолжуваат активностите на терен за целосно заменување на старото со ново улично осветлување како и со отстранување на дефектите во мрежата со што новото улично осветлување ќе биде целосно функционално.