Во Ликовниот салон во Велес вчеравечер беше отворена изложбата на икони и современи уметнички дела под наслов „Дијалог со светото – Од иконографскиот канон до современ сакрален израз“, која на едно место ги обединува духовноста, традицијата и современиот уметнички израз.
Љубителите на уметноста имаа можност да видат исклучителни уметнички остварувања кои пленат со својата естетика,, симболика и длабочина. Изложба пред чии дела човек застанува, размислува и ја чувствува моќта на уметноста која допира до најдлабоките човечки емоции.
Изложбата во организација на ЛУ Народен музеј – Велес се реализира во рамки на чествувањето на 9 Ноември – Денот на ослободувањето на Велес и одбележувањето на значајниот јубилеј, 80 години музејска дејност.

 

 

Фотографиите се преземени од Фототека на ЛУ Народен музеј Велес.