По повод 84 години од излегувањето од печат на стихозбирката „Бели мугри“ од  Коста Солев  Рацин, Локалната библиотека „Гоце Делчев“ организира изложба на сите изданија од оваа збирка кои се наоѓаат во библиотеката. На изложбата се поставени примероци од книгата преведена на повеќе јазици.

Сите заинтересирани граѓани можат да ја посетат изложбата која е поставена во медијатеката на библиотеката, од денес (петок) до понеделник.

Во рамки на одбележувањето на годишнината од излегувањето од печат на антологиската збирка „Бели мугри“, во библиотеката ќе се одржи промоција на творештвото на македонската авторка Славица Дабевска Кировска. Целта на оваа средба со авторката е промовирање на македонски автори и поттикнување на љубов кон книгата и читањето кај целокупната јавност.