Според резултатите од последните Извештаи од извршените анализи за здравствена безбедност на водата за пиење од природните чешми и водоводи, ЈЗУ Центар за јавно здравје – Велес дава стручно мислење дека во најголем дел од испитаните примероци, водата од природните чешми и водата од водоводи во населени места не соодветствува на прописите за бактериолошка анализа поради зголемен број на индикатори на фекално загадување. Оваа вода не може да се користи како вода за пиење.