Се известуваат грѓаните на Општина Велес дека од следната недела ќе започнат градежни работи за реконструкција на патен правец Отовица – Сујаклари.
За изведување на градежните работи ќе се користи градежна механизација од различен вид, ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација согласно проект за времен режим на сообраќај, одобрен од МВР- СВР Велес.
Поради големата должина на делницата, реконструкцијата ќе биде поделена во три фази.
На одредени места на делницата каде ќе се изведуваат работите, сообраќајот ќе се одвива отежнато.
Се замолуваат граѓаните да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, да покажат трпение и разбирање со цел безбедно, непречено и квалитетно изведување на градежните работи.


