Се известуваат граѓаните на Општина Велес дека во сабота, 20.05.2023 година, на улица „Сараевска“ ќе се изведуваат градежни работи за  санирање на оштетувања на коловозот  од бехатон  на две локации. За непречено изведување на работите неопходно е улицата да биде исклучена од сообраќај во траење од 8 часа и тоа од 08:00 часот до 16:00 часот.

Улицата ќе биде исклучена од сообраќај со поставување на  сообраќајна сигнализација и барикади на делот од улицата „Сараевска“  и тоа од спој со улицата „Костурска“ до спој со улицата „Рилски Конгрес. Барикади ќе бидат поставени и на улицата „Лазо Трпков“.

Општина Велес со апел до граѓаните да покажат разбирање и трпение, да  ја  почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, за да можат градежните работи за санирање на оштетувањето на коловозот непречено и навреме да бидат завршени.